Пилинг за тело

30.00€

30,00

Семиња од јагоди и шеќер

Пилинг за тело збогатен со зрна шеќер и семиња од јагоди за обновување, ревитализација и мазнење на кожата (9). Овој овошен пилинг што содржи зрна кафеав и бел шеќер и тркалезни семиња од јагоди, нуди длабок и интензивен пилинг што го подобрува тонот на кожата и ја омекнува нејзината текстура (8). Пилингот лесно се мие, а резултатот е чиста и влажна кожа.
Производот е дерматолошки тестиран.

Главни активни состојки

Шеќер
Фините, тркалезни зрна на кафеавиот и белиот шеќер нудат ефикасен и благ пилинг, со што ги отстрануваат мртвите кожни клетки и ја прават кожата помазна и ревитализирана.

Семиња од јагоди (Fragaria vesca)
Семињата од јагоди се природен производ што врши пилинг, и ова благо средство ги користи и придонесува во природниот циклус на обновување на кожата. Редовниот пилинг помага во отстранувањето на мртвите клетки и мастите, за да се обезбеди подобро впивање на хидратантите производи.

Кокосово масло (Cocos nucifera)
Богато со лауринска и каприлна киселина, делува против бактериите, микробите и вирусите, што го прави идеален избор за најчувствителна или воспалена кожа.

Путер од шеа (Butyrospermum parkii)
Путерот од шеа содржи олеинска киселина, еден вид заситена масна киселина, којашто делува позитивно на природниот себум на кожата и лесно се впива. Богат е со витамини А и Е и ја засилува антиоксидантската активност. Путерот од шеа е познат и за неговото својство да го забавува создавањето на китоцини, т.е. молекули коишто предизвикуваат воспаленија, што го прави идеален за иритирана или воспалена кожа.

Целосен список на состојки
Сахароза, кокосово масло (кокос), путер од семе на какао (Theobroma Cacao), путер од шеа (Butyrospermum Parkii), бадемово масло (Prunus amygdalus dulcis), хидролизиран пченичен протеин на калиум на палмово масло, глицерил стеарат, цетостеарил алкохол, масло од семе на макадамија (Macadamia Ternifolia), масло од семе на јојоба (Simmondsia Chinensis), глицерин, семиња од шумски јагоди (Fragaria Vesca), парфем, бензил алкохол, токоферил ацетат, синтетички флуорфлогопит (и) оксиди на железо (и) калај оксид.

Упатство за користење

Нанесете мало количество производ во раката и масирајте ја водената кожа со стабилни кружни движења. Во продолжение измијте се. За подлабок пилинг, нанесете мало количество во ракавица или на крпа што ја користите при капењето и тријте ја влажната кожа, а особено посувите предели, на пример колената или лактите. Продолжете со примена на вашиот омилен крем за тело. За користење при туширање или капење. Соодветен за сите типови кожа.