Дневен крем

30.00€

30,00

Јаболкова кора и витамин Е

Дневниот крем за секојдневна употреба е збогатен со јаболкова кора и витамин (1) Е за хидратација и поддршка  на вашата кожа. Јаболковата кора е богата со антиоксиданти за заштита на (2) вашата кожа од оштетувањето предизвикано од животната средина и загадувањето на атмосферата, фактори коишто може да ја направат вашата кожа матна и да го забрзаат процесот на стареење. Бадемовото масло делува против воспаленија, длабоко ја влажни вашата кожа и се смета дека ѝ подарува еден рамномерен тон, а маслото од јојоба помага во регулирањето на создавањето на себум, со што се спречува прекумерната маснотија, затнатите пори и темните дамки на кожата. Путерот од шеа е познат за неговата висока содржина на витамини и масни киселини и има одлични хидратантни својства. Кремот за лице за секојдневна употреба не содржи парфем и соодветен е за нормална кон сува кожа. Нанесете после утринското чистење.

Производот е дерматолошки тестиран. Без парфем.

Главни активни состојки

Бадемово масло (Prunus amygdalus dulcis)
Бадемовото масло е една лесна, блага и нежна состојка, богата со неопходни масни киселини, особено толерантна и соодветна за сите типови кожа. Високата содржина на витамин Е го прави богато со актиоксиданти, коишто придонесуваат за спречување на оштетувањето предизвикано од слободните радикали. Актиоксидантите се врзуваат со слободните радикали, и така придонесуваат за забавување на оксидацијата и за намалување на оштетувањето предизвикано од овие нестабилни клетки.

Екстракт од јаболкова кора (Pyrus malus)
Јаболковата кора претставува богат извор на антиоксиданти, коишто помагаат за заштита на кожата од оштетувањето предизвикано од слободните радикали – тие нестабилни молекули што може да предизвикаат оштетување на нашите клетки.

Путер од шеа (Butyrospermum parkii)
Природен масен екстракт што содржи големо количество витамини А и Е, неопходни масни киселини и липиди. Има противвоспалителни и антиоксидантски својства, дава одлична хидратација и содржи палмитинска, олеинска, стеаринска и линолна киселина што ја хранат кожата.

Масло од семе на јојоба (Simmondsia chinensis)
Составот на ова „повеќенаменско“ масло е сличен на природниот себум, па затоа, кога се применува на кожата, помага за регулирање на производството на себум и ја спречува прекумерната маснотија, затнатите пори и црните дамки. Делува на природен начин против бактериите, вирусите и габите, а истовремено подарува ефикасна хидратација.

Пантенол
Пантенолот, или провитаминот Β5, лесно се впива во кожата каде што се претвора во пантотенска киселина, којашто е позната за нејзините хидратантни (1), смирувачки и терапевтски својства, бидејќи ѝ помага на кожата да го одржи нејзиното ниво на хидратација и ја смирува при свраб и иритација. Паралелно, го поттикнува создавањето на клетки.

Целосен список на состојки
Вода, хидролизиран пченичен протеин на калиум на палмово масло, глицерил стеарат, цетеарил алкохол, глицерин, каприлни/капрични триглицериди, бадемово масло (Prunus amygdalus dulcis), екстракт од јаболкова кора (Pyrus Malus), цетеарил алкохол, путер од шеа (Butyrospermum Parkii), масло од семе на макадамија (Macadamia Ternifolia), масло од јојоба (Simmondsia Chinensis), глицерил стеарат цитрат, бензил алкохол, пантенол, гума ксантан, токоферил ацетат, натриум фитат, вода, алкохол и алантоин.

Упатство за користење

Нанесете мало количество производ после утринското чистење и после примената на вашиот омилен серум. Благо измасирајте ја кожата со кружни движења сѐ до целосно впивање на кремот. Соодветен за сите типови кожа. За да го отворите пакувањето, отстранете го и превртете го капакот и употребете го за да ја дупнете заштитната мембрана.