Гел за чистење лице

20€

20,00

Кора од компир, хмељ и лисја од андрографис

Гел за чистење лице за секојдневна употреба, збогатен со пулпа од јагоди и пребиотици за благ пилинг и балансирање на кожата (7). Пулпата од јагоди е богата со Алфа-хидрокси киселини (АХК), коишто придонесуваат за отстранување на мртвите и ослабените клетки на кожата (7). Тркалезните семиња на јагодите вршат благ пилинг без да ја иритираат кожата. Познати и како „храна за кожата“, пребиотиците се состојки коишто придонесуваат за одржување на здравјето на микробиомот на кожата, т.е. на слојот бактерии што ја штити од црвенило, воспаленија и болести. Имаат смирувачко и ублажувачко дејство на иритираната кожа, а помагаат да се спречи таложењето на штетните бактерии (8).

Производот е дерматолошки тестиран. Без парфем.

Главни активни состојки

Пулпа и семиња од јагоди(Fragaria vesca)
Пулпата од јагоди е богата со Алфа-хидрокси киселини (АХК) коишто нашироко се употребуваат за отстранување на мртвите и ослабените клетки на кожата и за активирање на колагенот. Делуваат врз површинските клетки на кожата и помагаат да се намалат тенките линии и промената на боја. Тркалезните семиња од јагоди вршат благ пилинг без да ја иритираат кожата.

Пребиотици
Пребиотиците се состојки коишто придонесуваат за одржување на здравјето на микробиомот на кожата, т.е. на слојот бактерии што ја штити од црвенило, воспаленија и болести. Одржувањето на здравјето на микробиомот е неопходно за да се добие кожа со поздрав изглед. Пребиотиците имаат смирувачко и ублажувачко дејство на иритираната кожа и паралелно помагаат да се спречи таложењето на штетни бактерии.

Алантоин
Состојка позната и како алуминиум дихидрокси алантоинат (aluminum dihydroxy allantoinate), алантоинот се смета дека ја смирува и влажни кожата. Исто така, се смета дека има ексфолијативни и терапевтски својства.

Целосен список на состојки
Вода, пулпа од јагоди (Fragaria Vesca), натриум цитрат, кокамидопропил бетаин, динатриум коко-глукозид цитрат, глицерин, хидроксиетилцелулоза, инулин, фруктоза, бензил алкохол, гума ксантан, семиња од јагоди (Fragaria Vesca) и алантоин

Упатство за користење

Притискајќи го пакувањето нанесете поголема количина на дланката и истријте ги дланките една со друга. Нанесете на сува кожа и масирајте ги лицето, вратот и деколтето со стабилни дружни движења. Отстранете го производот со влажно марамче за отстранување на шминка, крпа за лице или памучни туфери, во текот на утринското и вечерното чистење на кожата. Алтернативно, нанесете го директно на влажна кожа и исплакнете го со вода. За подобри резултати, употребете го како втор чекор при чистењето, откако ќе ја отстраните шминката. Соодветен за сите типови кожа. Пред првото користење отстранете го и превртете го капакот и употребете го за да ја дупнете заштитната мембрана.