Сапун за масирање
20€
Лисја од тутун и нане
Сапунот за масирање е збогатен со лисја од тутун и масло од нане, за да ви овозможи благо олабавување на мускулната напнатост и главоболките (10). Благодарение на неговиот состав, тој веднаш „се топи“ при допир со кожата. Маслото од нане се употребува заради неговите освежувачки и смирувачки дејства, а тутунот се смета дека (10) ја смирува болката (11).
Производот е дерматолошки тестиран.
Без парфем.
Главни активни состојки
Бадемово масло (Prunus amygdalus dulcis)
Бадемовото масло е една лесна, блага и нежна состојка, богата со неопходни масни киселини, особено толерантна и соодветна за сите типови кожа. Високата содржина на витамин Е го прави богато со актиоксиданти, коишто придонесуваат за спречување на оштетувањето предизвикано од слободните радикали.
Масло од авокадо (Persea gratissima)
Богато со олеинска, палмитинска и стеаринска киселина, маслото од авокадо се употребува заради неговите хранливи својства и истовремено може да придонесе за смирување на кожата благодарение на неговото смирувачко дејство.
Масло од нане(Mentha piperita)
Маслото од нане ја освежува кожата и се употребува во арома-терапијата за подобрување на менталната бистрина, концентрацијата и смиреноста.
Целосен список на состојки
Путер од шеа (Butyrospermum Parkii), цетеарил алкохол, парафински восок, кокосово масло (Cocos nucifera), бадемово масло (Prunus amygdalus dulcis), масло од авокадо (Persea Gratissima), хидролизиран пченичен протеин на калиум на палмово масло, глицерил стеарат, цетеарил алкохол, токоферил ацетат, бензил алкохол, масло од нане (Mentha Piperita), лисја од тутун, лимонен*, линалоол*
*Соединение кое природно се наоѓа во етеричните масла.
Упатство за користење
Нанесете го производот на врвовите на прстите и истријте ги внимателно проблематичните предели, одбегнувајќи допир со очите. Може да се употреби на слепоочниците, челото и згрчените мускули.