Крем за очи

30.00€

30,00

Кора од компир, хмељ и лисја од андрографис

Секојдневен крем за очи збогатен со кора од компир и хмељ за затегнување и хидратација. Секојдневен крем за очи збогатен со кора од компир и хмељ за затегнување и хидратација. (3) придонесува за ограничување на воспалувањето, за заштита од оксидативниот стрес и за намалување на промената на боја. Кората од компир е исто така богата со витамин Ц, познат за неговите антиоксидантски својства и противвоспалителното дејство (4). Хмељот делува против воспаленијата и има антиангиогени својства (5), а помага и за намалување на темните кругови. Маслото од авокадо е богато со витамин К, омекнувачка и противвоспалителна состојка што се употребува за регенерација на кожата (6).
Производот е дерматолошки тестиран. Без парфем.

Главни активни состојки

Путер од шеа (Butyrospermum parkii)
Природен масен екстракт што содржи големо количество витамини А и Е, неопходни масни киселини и липиди. Има противвоспалителни и антиоксидантски својства, дава одлична хидратација и содржи палмитинска, олеинска, стеаринска и линолна киселина што ја хранат кожата.

Екстракт од хмељ (Humulus lupulus)
Хмељот е богат со несапунофицирани состојки коишто кожата лесно ги впива и придонесуваа за третман на сувата или чувствителната кожа. Неговото противвоспалително дејство придонесува за смирување на чувствителната кожа, а антиангиогените својства ја ограничуваат појавата на темни кругови.

Екстракт од кора на компир (Solanum tuberosum)
Екстрактот од кора на компир (Solanum tuberosum) којшто го создадовме и оценивме во нашите објекти, содржи многубројни хранливи и фитохемиски својства со извонредна антиоксидантна вредноста и ја штитат кожата од слободните радикали.

Целосен список на состојки
вода, масло од авокадо (Persea Gratissima), хидролизиран пченичен протеин на калиум на палмово масло, глицерил стеарат, цетеарил алкохол, каприлни/капрични триглицериди, глицерин, екстракт од кора на компир, цетеарил алкохол, глицерил стеарат цитрат, путер од шеа (Butyrospermum Parkii), бензил алкохол, токоферил ацетат, екстракт од хмељ (Humulus Lupulus), линолинска киселина, линоленска киселина, гума ксантан, екстракт од лист на андрографис (Andrographis Paniculata), натриум фитат, вода и алкохол

Упатство за користење

На крајот на вечерното рутинско чистење на лицето, со четвртиот прст нанесете со нежно тапкање мало количество од очите до коската на веѓите. Благо измасирајте ја кожата околу очите со кружни движења сѐ до целосно впивање на кремот. За подобри резултати ви препорачуваме секојдневно да го користите кремот за очи најмалку четири недели. Соодветен за сите типови кожа. Пред првото користење отстранете го и превртете го капакот и употребете го за да ја дупнете заштитната мембрана.