Хмељ и андрографис: нови производи во негата на кожата
Две нови и многу интересни состојки доаѓаат за да ја одиграат нивната улога во областа на негата, поконкретно во кремите за очи. Станува збор за растителните екстракти од хмељ и андрографис, кои имаат својства што можат да го сменат изгледот на очите. Уште еднаш, природата ја покажува нејзината снага во негата на кожата.
Хмељот беше изолиран од малите лисја (конусите) на растението. Активните супстанции се дихидроизо-алфа-хумулони. Овие супстанции делуваат против ензимите кои придонесуваат во патеката на арахидонската киселина, или, со други зборови, помагаат во случаи на воспалување.
Освен тоа, противвоспалителното дејство се поддржува и од хумолоните што ги има хмељот, кои делуваат и против создавањето на крвни садови. Кој е резултатот? Намалување на темните кругови под очите.
Од друга страна, андрографисот содржи една многу активна супстанција – андрографолид. Изолирана од лисјата на растението, таа е едно многу значајно алтернативно решение во случаите на намалување на алергиските воспаленија. Делува на разни биохемиски патишта поврзани со оксидативниот стрес, хроничното воспаление и создавањето меланоцити.
Конкретното соединение делува така што се одбегнува создавањето меланоцити. Како резултат на тоа, кожата изгледа поздрава, посветла и помалку надуена. Иритациите се намалуваат, областа станува посветла заради контракција на крвните садови, а истовремено останува хидрирана за да биде подготвена за шминкање.