Без сомнение, во последните години станаа тренд. На полиците на супермаркетите се појавија нови производи, сложени додатоци во исхраната, па дури и телевизиски емисии посветени на нив. На сите страни сега се слуша за пребиотиците, пробиотиците, „добрите“ бактерии и микроорганизмите, а имаат главна улога дури и во линиите за нега. Но, што точно прават тие и зошто го користиме?
Сѐ започна пред неколку години кога истражувањата покажаа дека пребиотиците придонесуваат значајно за здравјето на стомакот. Нивната потрошувачка се зголеми, се додадоа или се збогатија во разни намирници, и набрзо, за многумина станаа дел од секојдневната исхрана. Но, имаат ли некакво дејство врз здравјето на кожата, или пак сето тоа е една добро смислена рекламна игра?
Всушност, пребиотиците претставуваат „храна“ на пробиотиците. Пребиотиците се добри бактерии кои постојат во секој организам и ни помагаат да ги одржиме здравјето и рамнотежата, како внатрешните, така и надворешните. Така, ги поддржуваме овие пробиотици кои природно се наоѓаат во нас и им ја даваме храната што им треба; им помагаме да напредуваат и тие нѐ наградуваат. Како?
- Најпрво, тие ја одржуваат површната на кожата балансирана и силна, па така изгледа помлада.
- Ги намалуваат факторите што може да предизвикаат црвенило, сувост и разни други кожни проблеми.
- Ја обновуваат рамнотежата за една поздрава заедница на микроорганизми (микробиом).
Но, дали е неопходно толку многу да внимаваме на бариерата на кожата?
Вистина е дека сѐ повеќе имаме тенденција да користиме некои одредени производи, а особено денес, заради пандемијата, да ја нарушиме рамнотежата на кожата. Постојаното користење на силни средства за чистење, надворешните загадувања, стресот и анксиозноста се неколку примери за фактори што може да ја нарушат таа симбиоза.
Дали сите производи со пробиотици се толку корисни?
За жал, не. На пребиотиците им се потребни посебни услови за да можат целосно да го искористат нивниот потенцијал. Потребни им се пакувања што ги штитат од сонцето и воздухот. Истовремено, секогаш е подобро да не се употребуваат хемиски средства како што се парфеми, бидејќи тоа го намалува нивното дејство и ги прави помалку ефикасни.