Одржливоста во козметичката индустрија
Веќе живееме во време кога енергетската криза, климатските промени, како и оптоварувањето на животната средина се реалност. Мнозинството во индустријата се обврза да придонесе во најголем можен степен и да изврши промени коишто ќе спречат оваа криза, па ситуацијата уште повеќе да биде надвор од контрола. Во тие рамки, секторот за убавина и козметика е должен да најде решенија со суштински резултат, а не само да управува со тие сериозни прашања како уште еден маркетиншки трик.
Клучна улога во тие потези има и промената на пакувањето. Најголемиот дел од пакувањата во основа се пластични, па како резултат на тоа завршуваат во отпад, кој останува неискористен и ги оштетува фауната и флората. Така, голем број групации, но и новите компании, веќе почнаа да ги заменуваат пакувањата со стаклени или алуминиумски. Популарно е и враќањето на празните пакувања, што значително го намалува количеството на отпад. Ова движење не ги има за цел само компаниите со најголема продажба, туку и поексклузивните брендови. Не се малкубројни случаите каде се пуштаат во продажба нови козметички линии без пакување, освен класичните сапуни, шампони и пасти за заби, кои веќе се појавиле спакувани на овој начин. Следната пресвртница, но и предизвик за компаниите, е намалување на отпадот што се создава при користењето на козметичките производи и потребните ресурси. На пример, намалување на големата потрошувачка на вода за плакнење на шампон, или контролирање на отпадот што се создава од козметичките производи што завршува во подземните води (дознајте повеќе тука: https://www.eyath.gr/mia-imera-gia-ta-ypogeia-nera/ ). Карактеристичен случај е користењето на сјај, чии различни видови се отровни за фауната, а истовремено не се разградуваат.
На крај, делот што веќе почна да се појавува и забрзано напредува е користењето на нуспроизводи од други индустрии и нивна трансформација во корисни производи што може да се употребат во други сектори. Циркуларната економија веќе почна и претставува иднина на економијата.