Доволно е да ги погледнеме полиците во продавниците со производи за убавина за да разбереме дека терминот „антиоксидант“ веќе го зазема првото место во негата на кожата. Витамините, природните екстракти и комплексите се само неколку примери за супстанции за кои на пакувањата се вели дека имаат антиоксидантско дејство. Што се антиоксиданти и зошто ни требаат?
Антиоксидантите, како што кажува нивното име, се супстанции коишто делуваат против оксидативниот стрес. Но, за подобро да го објасниме тоа, треба да се вратиме малку наназад. Ајде да почнеме од слободните радикали. Тоа се молекули, што се состојат од атоми, кои пак наместо да ги имаат сите електрони во парови, очајнички го бараат нивниот пар на други места. Причината што некоја молекула и некој електрон може да се случи да остане без пар, може да биде, на пример, УВ-зрачењето, загадувањето, или едноставно, продолжената изложеност на разни хемикалии и загадувачи.
Но, проблемот е што при обидот да го надополнат нивниот изгубен електрон, тие почнуваат да им се доближуваат на нашите здрави клетки, за да го „украдат“ електронот што сакаат да го стабилизираат. Оваа постапка предизвикува лузни, брчки и разни промени на кожата. Слободните радикали природно се создаваат и во нашето тело, но таму постојат ензими што можат да им се спротивстават. Еден нов извор на слободни радикали кои целосно се навлезени во нашето секојдневие е синото светло на компјутерските екрани. Со лоша исхрана и продолжено изложување на таквите извори, создавањето на радикали се зголемува. Сето ова ја нарушува рамнотежата, а природниот одбранбен механизам што го имаме не е доволен. Еден типичен пример на оксидативен стрес предизвикан од слободните радикали е јаболкото што темнее кога не го јадеме веднаш откако сме го исекле.
Што можеме да направиме за да се заштитиме од сето ова? Да користиме антиоксидантски производи и да не го прескокнуваме секојдневното користење на крем за сончање, дури и во зима.
За користењето на крем за сончање зборувавме доволно, па денес нема да го анализираме тоа. Ајде да се вратиме на антиоксидантите. Антиоксидантите делуваат така што ги неутрализираат слободните радикали, коишто во поинакви услови би предизвикале штета. Во суштина, тие ги подаруваат нивните електрони, но, без да се дестабилизираат. Така, се заштитуваат здравите клетки и не се создаваат нови слободни радикали. Освен тоа, размислете дека, бидејќи оксидативниот стрес го разградува колагенот на кожата и предизвикува иритации и црвенила, сите овие функции сега работат со полн капацитет. Тонот и изгледот на кожата се подобруваат, кожата изгледа посјајна и помлада, таа е поздрава и предвремените знаци на стареење се губат.
Отсега натаму, ќе знаеш што значи овој термин, и дека антиоксидантите во производите за нега на кожа никогаш не може да бидат доволни!